МТСП: Ја зголемивме висината на правото на посебен додаток за 15% за сите подвидови на корисници

Од:

Министерството за труд и социјална политика известува дека согласно денешната седница на Собранието на Република Северна Македонија пратениците ги изгласаа измените на Законот за детска заштита и Законот за социјална заштита.

– Со Законот за заштита на децата се уредува правото на посебен додаток, кој го има еден од родителите на детето, старател или лице на кое со решение на надлежниот центар за социјална работа му е доверено детето и живее самостојно со него до навршени 26 години. Соочувајќи се со покачувањето на трошоците за живот Министерството за труд и социјална политика ги предложи измените на Законот за детска заштита. Со нив се предвидува зголемување на висината на посебниот додаток за 15% за сите три подвидови на корисници со цел подобрување на финансиската состојба на корисниците на правото на посебен додаток, велат од МТСП.

На седницата беа изгласани и измените на Законот за социјална заштита. Целта на измените е да се овозможи родител кој има дете со попреченост да користи траен надоместок на порана возраст. Исто така се предвидува во корисниците на лична асистенција да бидат опфатени и лица со комбинирана попреченост.

„Согласно донесените измени се намалува возрасната граница кај правото за траен надоместок за родители кои до 26-тата година се грижеле за дете со попреченост без да биде згрижено во институција, односно намалувањето е од 62 на 60 год. за жени и од 64 на 62 год. за мажи.

Додека во услугата за лична асистенција која опфаќа индивидуална помош и поддршка за лица од 18 до 65 годишна возраст се вклучуваат и лицата со комбинирани пречки.

Како Влада и Министерството за труд и социјална политика, продолжуваме да работиме на унапредување на системот за социјална заштита. Се грижиме за нашите граѓани“, се наведува во соопштението на МТСП.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Позитивните примери од Хрватска несомнено ќе придонесат во унапредување на системот за социјална и детска заштита

Ана Ололовска

Ковачевски: Социјална сигурност, повисоки пензии и нови градинки со Предлог-буџетот на МТСП за 2023

Ана Ололовска

МТСП: Отворен Центарот за жени жртви на семејно насилство во Полошкиот регион

Ана Ололовска

Списоците на корисници на финансиска поддршка објавени на веб страната на Министерството за труд и социјална политика

Ана Ололовска

Министерството за труд: ВМРО-ДПМНЕ злоупотребува и деца за политички цели

Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Ана Ололовска