По објавувањето на неколку стории на одредени медиуми Министерството за труд и социјлакна политика во духот на грижа за секој поединец и корисник се погрижи и за лицата кои со своите проблеми се обратија до медиумите.
По објавената сторија за случајот на Џејлане Мурати, Министерството за труд и социјална политика веднаш даде налог на увид да излезе тим од меснонадлежниот центар за социјална работа за да се утврди фактичката состојба.
По добиениот извештај од центарот, Министерството за труд и социјална политика формираше Комисија за доделување на еднократна парична помош за извршување на увид во домот на семејствата за утврдување на бројната, материјалната и фактичката состојба. При тоа беше констатирано дека станува збор за самохрана мајка на 4 деца кои живеат во субстандардни услови. Воедно, утврдено е дека корисник на родителски додаток за 3-то дете.
Од страна на комисијата е констатирано дека семејствата се наоѓаат во социјален ризик како резултат на тешката материјална состојба во која се наоѓаат, од таа причина паричните средства им се потребни за обезбедување на основните егзистенционални потреби и ќе се додели еднократна парична помош во износ од 30.000 денари.
Во однос на овој случајот на Оливер Симонов, Министерството за труд и социјална политика констатираше дека станува збор за корисник на право од социјална заштита (ППП). И ова семејството се наоѓа во социјален ризик и ќе им се помогне со еднократна парична помош во износ од 30.000 денари.
Во врска со случај на Милка Хаџијефтимова информираме дека на ова лицето досега неколку пати му е помогнато со еднократна парична помош. Воедно, се прават напори за адекватно сместување во соодветна установа.