МТСП: Градинките и дневните центри прекинуваат со работа, бремените жени и хронично болните да останат дома како превенција од ширење на корона вирусот

Од:

Министерството за труд и социјална политика, согласно заклучоците, мерките и препораките на Владата ја известува јавноста дека следните 14 дена ќе биде прекинат воспитно – образовниот процес и наставата во сите детски градинки, центрите за ран детски развој како и во дневните центри на територијата на Република Северна Македонија, а вработените лица во овие институции ќе бидат ослободени од работа.

За спроведување на оваа мерка се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и се препорачува на приватниот сектор, еден од родителите на децата до 10 години, што ќе бидат ослободени од обврската да одат во градинките или да ја следат наставата, да бидат ослободени и од обврската да ги извршуваат работните обврски и нивното отсуство за време на овој период да биде евидентирано како оправдано од работодавачот.

Се задолжуваат сите државни институции и јавните претпријатија основани од државата, им се укажува на општините, ЈП и другите правни лица основани од општините и се препорачува на приватниот сектор, времено да ги ослободат од работа и работни активности бремените жени и хронично болните лица.

Дополнително, на возрасните и повисокоризичните категории на граѓани со хронични болести им се препорачува да го намалат движењето и да го избегнуваат јавниот превоз.

Би можело да ве интересира

Повеќе од 770 училишта во Британија добија закани за поставени бомби

Стотици училишта во Велика Британија добија заканувачки пораки потпишани со „Алах акбар“

А1он

Голема полициска акција во Полска по нападите во училиштата – проверени 50.000 објекти, уапсени 79 лица

А1он

Јаневска за затворањето училишта: Ова се болни реформи, но во моментов сме во критична ситуација

Децата се опкружени со нездрава храна во и околу училиштата

Акција на Агенцијата за храна: Поделени казни и забрани, а уништена е и храна во угостителски објекти покрај училишта