МТСП го демантира тврдењето на „5 до 12“ за злоупотреба на згрижени деца

Од:

Министерството за труд и социјална политика ги демантира обвинувањата на „5 до 12“ , тврди дека нема информации за злоупотреба на деца во мали групни домови и згрижуваки семејства и дека досега нема добиено писмена забелешка од ова здружение поврзано со наводна злоупотреба и негрижа за децата.

-Секој којшто тврди дека има сознанија и докази, го повикуваме писмено да ги достави и пријави во надлележните институции, во спротивно ќе се сметаат за соучесник во истите.Центрите за социјална работа имаат евиденција за сите деца без родители и родителска грижа кои се сместени во згрижувачките семејства и малите групни домови. Исто така, има прецизни статистики колку деца има и точно се знае каде е згрижено секое дете. Центрите имаат и евиденција колку слободни згрижувачи има на располагање во тековниот месец, наведува МТСП во реакцијата по денешната прес-конференција на здружението „5 до 12“.

Министерството посочува дека поцесот на деинституционализација го спроведува со поддршка на УНИЦЕФ, УНДП и Европска делегација и дека за него постои Акциски план и Национална стратегија. Со системското решение, наведува МТСП, секое дете без разлика дали е сместено во мал групен дом или во згрижувачко семејство, добива континуиран стручен надзор од вработени во центрите за социјални работи и од вработени во малите групни домови.

-Згрижувачите се во постојан 24-часовен контакт со социјалните работници, а семејствата се посетуваат и по неколку пати месечно. Исто така, надзор во малите групни домови и кај згрижувачките семејства врши Заводот за социјални дејности и Секторот за инспекциски надзор во Министерството. Апсолутна лага е и тврдењето дека не постојат стандарди и систем за избор на згрижувачки семејства, како и обуки за згрижувачите. Најодговорно тврдиме дека постои соодветен систем за регрутирање и обука на соодветни згрижувачки семејства и неа ја спроведуваат Центрите за социјална работа по Програма подготвена од страна на ЈУ Завод за социјални дејности. Исто така, сите згрижувачи ја поминуваат ПРАИД-обуката која е лиценцирана програма и се применува во најразвиените европски земји, пишува во реакцијата на Министерството за труд и социјална политика.

Додава и дека со новиот Закон за социјална заштита кој е во собраниска процедура се придвидува зајакнување на поддршкака преку формирање посебни центри за поддршка на згрижувачките семејства кои ќе вршат проценка, обука и мониторинг на згрижувчките семејства.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска