Македонската радио телевизија демантира дека има врска со поповите на плоштадот и нивното облекување, откако утрово директорката на Детскиот културен центар Ружа Ѓорѓевска тврдеше дека костимографот во Македонската радио телевизија е виновникот за бламажата со туристичката стража на скопскиот плоштад облечена како попови.
Согласно објавите низ електронските медиуми за наводната кривица на МРТ за несоодветното костимографско претставување на свештениците пред спомениците на македонските просветители, МРТ остро ги осудува ваквите објави од страна Детскиот Културен Центар, со образложение дека МРТ не стои зад организацијата и планирањето на било какви активности од ваков тип.
Единствено МРТ се стави во служба да помогне и да стави на располагање дел од свите костимографски капацитети на Детскиот Култуен Центар на нивно барање и иницијатива, како и целосна слобода да одберат по нивна желба костими од фундусот на МРТ. Апелираме до институцијата Детски Културен Центар, како организатор на наведените активности да си ги ревидира своите ставови, кон наведениот пропуст од нивна страна и да си превземе соодветни мерки, стои во реакцијата на МРТ.