МРТ ги маргинализира и етикетира студентските протести

Од:

НВО Инфоцентарот во рамките на својата програма за постојан мониторинг на медиумите, подготви анализа за информирањето на јавниот радиодифузен сервис за актуелните општествено- политички случувања во државава.

Оваа анализа содржи две студии на случај – пропаѓањето на инвестицијата на Субрата Рој во Македонија и масовните студентски протести. Првата студија на случај претставува компаративна анализа за начинот на кој известуваше јавниот сервис во јули 2013, кога беше најавено влегувањето на Сахара Груп и во ноември 2014 година, кога беше објавено активирањето на банкарската гаранција. Втората студија на случај претставува анализа на информирањето на Македонската радиотелевизија за трите студентски протести против владините реформи во високото образование, кои се случија во декември минатата година.

Мониторингот и анализата на прилозите за студентските протести и за пропаднатата инвестиција на Сахара Груп, објавени во централните вести на Првиот телевизиски канал, покажуваaт дека МРТ не ја почитува својата законска обврска да биде независен и непристрасен јавен радиодифузен сервис на граѓаните во Република Македонија.

Наместо да биде во служба на граѓаните, МРТ се однесува како своевиден портпарол на Владата, кој безрезервно и некритички ги промовира и ги застапува нејзините ставови и политики. Овој медиум не се грижи за јавниот интерес и наместо професионално и непристрасно да информира за настани од исклучително општествено значење како што се на пример, студентските протести, се обидува комплетно да ги маргинализира и да ги етикетира во пропагандистичко- манипулативниот манир на комерцијалните провладини медиуми.

Уредувачката информативна политика на јавниот сервис има за цел да го минимизира значењето на студентските протести, да го поддржи предлогот на Владата и секако, да ги етикетира студентските протести како про-опозициски и „соросоидни“. Протестите и барањата на студентите се ставени на маргините на домашните вести односно ниту еднаш не беа најавени како настани на денот, а прилозите за нив беа објавени дури после дванаесеттата минута од Дневникот.

Би можело да ве интересира

Седми „Марш за ангелите“ во Кочани: Нашиот молк зборува повеќе од илјада зборови, но нема да трае вечно како вашето судење

„Марш за ангелите“ во Кочани: „Системот убива – институциите молчат“

Предраг Петровиќ

Семејството на Фросина бара максимална казна за возачот од 20 години затвор

Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“

Пуштен сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај село Врбјани

Протест кај село Врбјани, блокиран сообраќајот во двата правца на патот Прилеп-Крушево

Катерина Ѓуровски