А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

МПЦ побара Бугарската православна црква да и биде црква-мајка

by А1он19/11/2017 - 08:4219/11/2017 - 11:01264
Share0

Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија на 9 ноември одлучил да ја признае Бугарската православна црква како Мајка Црква, за што и упатиле писмо со такво барање.

Добивај вести на вибер

МПЦ со овој потег се одлучила Бугарската православна црква да ја претставува и застапува пред Вселенската патријаршија и пред другите помесни цркви, во обид да ги прескокне блокираните преговори со СПЦ.

Инфорамцијата беше пласирана вомисијата „Вера и општество“ на Бугарската национална телевизија (БНТ), но линкот подоцна со оваа содржина беше избришан.

Телевизијата го објави и писмото што синодот на МПЦ го испратил до Синодот на БПЦ:

„До Светиот архиерејски синод на Бугарската православна црква
Ваша Светост и
Ваши Високопреосвештенства,
членови на Светиот архиерејски синод,

Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија (МПЦ-ОА), на својата редовна седница, одржана на 9 ноември 2017 година, во просториите на Македонската архиепископија во Скопје, посвети сериозно внимание за статусот на МПЦ-ОА и евхаристиското единство со Помесните православни цркви. Во тој дух, Синодот едногласно одлучи да упати одредени предлози и барања до сестринската Бугарска православна црква. Имено:

– Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, имајќи ги предвид единството на Православната Црква и реалните духовни и пастирски потреби, да воспостави евхаристиско единство со возобновената Охридска Архиепископија во лицето на Македонската православна црква.

– Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе ја препознае и признае Бугарската православна црква – Бугарска Патријаршија како Мајка Црква, која прва ја прифаќа и признава нејзината автокефалност, истата ја обзнанува и актуелизира, претставува и се застапува за неа пред Вселенската патријаршија и пред другите Помесни цркви.

– Со потпишувањето на оваа согласност од поглаварите на двете Цркви, да се воспостави евхаристиско единство и меѓу сите нивни епископи кое што ќе биде основа за непречено воспоставување на евхаристиско единство и со епископите од останатите Помесни православни цркви.

– За признавањето и воспоставувањето на евхаристиското единство, Бугарскиот патријарх го извествува Вселенскиот патријарх, како и поглаварите на другите Помесни православни цркви.

Изразуваме надеж во Господа, дека овие наши предлози и барања ќе бидат прифатени од Светиот архиепејски синод на Бугарската православна црква, за радост на свети Климент Охридски и за доброто на севкупната црковна полнота.

Претседател на Светиот архиерејски синод на Македонската православна цркква, Архиепископ Охридски и македонски“

bpcmpc

Би можело да ве интересира

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Катерина Ѓуровски13/07/2025 - 12:27

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски12/06/2025 - 12:1712/06/2025 - 12:31

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Горан Наумовски31/05/2025 - 13:53

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Предраг Петровиќ20/05/2025 - 21:47

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ09/05/2025 - 18:0709/05/2025 - 18:11

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

Предраг Петровиќ20/04/2025 - 08:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен