МПЦ-ОА преку БПЦ ќе го добие Благодатниот оган

Од:

Македонската православна црква – Охридска архиепископија годинава за Велигден официјално ќе го добие Благодатниот оган и тоа со помош на Бугарската православна црква.

Благодатниот оган, пренесува БГНЕС, на аеродромот во Софија ќе му биде предаден на македонскиот владика Иларион кој ќе биде испратен лично од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан. Веднаш потоа владиката Брегалнички Иларион со хеликоптер ќе замине за Скопје од каде Благодатниот оган ќе биде разнесен до сите православни храмови во Македонија.

Благодатниот оган годинава во Софија од Ерусалим ќе го донесе бугарскиот митрополит Антониј, што според најавите, директно ќе биде пренесувано од медиумите и социјалните мрежи во Бугарија.

Митрополитот Антониј треба да слета на софискиот аеродром на 7 април, Велика сабота, во 19:30 часот по бугарско време, по што Благодатниот оган ќе биде пренесен до сите храмови во Бугарија, а преку владиката Иалираон и до сите православни светилишта во Македонија.

Благодатниот оган се пали на чудесен начин секоја година на Велика сабота на гробот на Исус Христос во Ерусалим. Благодатниот оган се смета за чудо во православието, бидејќи се пали единствено во рацете на ерусалимскиот патријарх и во првите моменти не зрачи топлина и не предизвикува изгореници.

Би можело да ве интересира

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата

Владиката Тимотеј за рускиот свештеник: Ние немаме информации дека бил шпион

Орце Костов

„Работи во Софија, а патува до Скопје за да внесе раскол во МПЦ“: Кој е рускиот свештеник Змеев кој доби забрана за влез во Македонија

Орце Костов

Расчинет свештеник крстел и венчавал со „благослов“ од г.г. Стефан: Венчаните се невенчани, крстените некрстени

Орце Костов

(ВИДЕО) Академик Ќулавкова: Се загрозуваат правата на жената

Горан Наумовски

Г.г Стефан: Собрани сме да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена