Можното прегласување на седум избирачки места е тема на вонреден состанок на претседателството на ДУИ

Од:

Претседателството на Демократска унија за интеграција (ДУИ) одржува вонреден состанок во седиштето во Тетово.

Пред почетокот на состанокот претседателот на ДУИ, Али Ахмети најави дека средбата на претседателството е со цел носење одлука, а по повод резултатите од седум изборни места од 8 мај, за кои треба да има прегласување.

– Оваа ситуација не доведе до состојба да повикаме ургентен состанок на претседателството, по кој ќе следат и средби со експерти, за оваа неправда која е направена на Фронтот. Овој момент доаѓа по анализа на одлуките на ВМРО и СДСМ за повторување на изборите на овие изборни места, со цел да се спојат за Европскиот фронт да не биде втора сила во земјата. Ова е направено од двете најголеми партии од македонска националност, кои за жал политики се плашиме дека ќе имаат влијание и на меѓу етничките односи кои ние не ги посакуваме, изјави Ахмети.

Според претседателот на ДУИ прегласувањето има ризична позадина.

– Ние ќе правиме анализа. Исто така ова повторување што ќе се прави, се прави со една ризична позадина ние Албанците да се убиеме, како што се случи на едно изборно место во Општина Желино, тоа не го посакуваме, ниту пак ќе се случи. Ако некој има стратегија да пукаме ние Албанците меѓу себе, нема да се реализира, рече Ахмети.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН до ДУИ: Јавноста заслужува одговори за вашите финансиски врски со Србија

ДУИ предупредува: Забраната за полагање правосуден испит на албански е спротивна на Законот

Андоновска: Законите во ИЈЗ ќе продолжат доследно да се почитуваат и да важат подеднакво за сите

А1он

Хоџа: Непочитувањето на Законот за употреба на јазиците прераснува во загрижувачки тренд во државните институции

Горан Наумовски

ДУИ: За првпат од 1995 година нема примен ниту еден албански кадет во Воената академија

ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад