Можности за квалитетни туристички услуги во прекуграничниот регион Македонија – Бугарија

Од:

Недоволно искористени туристички потенцијали, недоизградена инфраструктура и недостиг на соодветни човечки ресурси, се резултатите од анализата за туристичките можности на областа Ќустендил, Република Бугарија, и Североисточниот регион во Македонија, презентирани на денешната тркалезна маса во Крива Паланка.

– Во регионот се прават многу погрешни чекори и се применуваат несоодветни политики за развој на туризмот. Не се сфаќаат вистинските можности за искористување на локалните потенцијали, локалната инфраструктура и локалното производство. Не знаеме да направиме вистинска приказна со која ќе ги привлечеме туристите и ќе им наплатиме за тоа, изјави професорот Косјо Стојчев од Бугарија.

Резултатите од истражувањето беа презентирани на тркалезните маси „Можности и предизвици за обезбедување на квалитетни туристички услуги и производи во прекуграничниот регион”, кои се одржаа во Ќустендил и Крива Паланка. Тие се дел од проектот “СТЕПС – Поддршка за претприемништвото и промовирање на услугите во туризмот“, финансиран од Интерег-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија и Македонија, кофинансирана од ЕУ.

Проектот се реализира од здружението „Младински општински совет – Ќустендил” во партнерство со здружението „Регионален центар за соработка – Спектар” од Крива Паланка.

Според податоците, во поглед на развиените туристички можности, Североисточниот дел на Македонија е најнеразвиен, за разлика од Источниот и Југоисточниот, кој пак има најразвиен туризам и најголем приход од оваа гранка. Од бугарска страна, пак, најразвиени се Банско, Благоевград, Сепарева Бања и Сандански, додека Ќустендил заостанува, беше истакнато на тркалезните маси.

– Низ дискусија учесниците нагласија дека туризмот во овие региони треба да биде насочен кон алтернативните форми, пред се, кон развојот на селскиот, културниот, планинскиот и бањскиот туризам за кои имаме непроценлив потенцијал. Потребна е изработка и на заеднички културен календар како информациски туристички материјал, кој ќе овозможи меѓусебна размена на туристи и поддршка на туристичките манифестации во регионот, истакна Методи Цветковски од „СПЕКТАР“, Крива Паланка.

Во рамки на проектот е спроведена и он-лајн анкета за идентификација на предложените туристички услуги и производи, како и за потребите од подобрувања во целниот регион – Североисточна Македонија и област Ќустендил во Бугарија.

Од извршените анализи, предложени се насоки за подобрување, насочени кон квалификациите на персоналот и преземање иницијативи поврзани со туристички маркетинг и претприемништво.

Би можело да ве интересира

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Муцунски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент е стигнат и сега Софија е на потег

(ВИДЕО) Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин во вредност од околу 18 милиони евра

А1он

Ќе се гради прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир на пругата од Коридорот 8

Горан Наумовски

Бугарија: Пожар зафати 25 куќи, наредена е масовна евакуација