Можно ново зајакнување на мерките, се очекуваат 2000 заболени пациенти

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека е можно дополнително зајакнување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Тој рече дека влегуваме во втората фаза од епидемијата кога се очекува дополнително зголемување на бројот на заболени лица, кој според сегашните очекувања, ќе се искачи на 2000 пациенти.

„Утре ќе имаме дополнителна дискусија во Комисијата за заразни болести и до Владата е можно да предложиме и зајакнување на мерките за превенција од понатамошно ширење на вирусот. Бројот на заболените во деновите и неделите што се пред нас дополнително ќе расте. Се уште остануваат прогнозите пикот на болеста да биде на крајот на април и очекуваме околу 2000 пациенти иако многу фактори влијаат на овие предвидувања“, рече министерот Филипче.

Тој апелира граѓаните максимално да ги почитуваат мерките, физичките контакти да се сведат на минимум и граѓаните да се штитат од секоја ризична комуникација или движење.

„Еден од главните проблеми е што има асимптоматски носители на вирусот, а ширењето на овој начин, од овие носители може да се спречи само со седење дома, односно со изолација“, објасни министерот Филипче.

Тој побара од здравствените работници, неговите колеги, максимално да ги почитуваат протоколите донесени на самиот почеток на пандемијата, да се штитат на работните места но и надвор од нив.

„Тоа значи дека треба да се пазат постојано заради тоа што здравјето на здравствените работници е од примарно значење, во овој момент во државата. Здравјето на нацијата и многу животи зависат од здравствените работници“, рече министерот Филипче.

Од вкупната бројка заболени кај нас 9,5 проценти или вкупно 52 се здравствени работници. Од нив 34 се заболени во амбулантски услови.

Би можело да ве интересира

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнати плати за функционерите

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси