Мораме да ги заштитиме здравствените работници, дециден е Филипче посочувајќи дека клучно е тие да бидат здрави

Од:

Заштита на докторите, медицинските сестри, како и останатиот персонал во болниците е следната цел на Министерството за здравство. Министерот Венко Филипче посочи дека здравјето на медицинскиот кадар е клучно за справување со состојбата со коронавирусот. Тој не посочи на кој начин ќе се направи тоа.

„Сакаме да ги заштитиме и здравстните работници, за жал, во другите земји има знаци и примери во кои и тие заболуваат. Клучно е и тие да се здрави бидејќи се столбот на овој здравствен систем, тие се главните даватели на здравствениот систем. Мораме да го заштитиме и нашиот здравствен систем, бидејќи исксутвата од другите земји покажуваат дека заразата се шири кога здравствениот систем е оптеретен. Сметам дека сите овие мерки кои ги воведовме ќе доведат до тоа да немаме нагло зголемување на бројот на заболени и тоа е главна работа, а значи дека здравствениот систем треба да го апсорвира овој удар, за што сме спремни, со капацитети и опрема, кадар кој е спремен да ротира по потреба, сите 200 анестезиолози, 400 медицински сестри дополнително на овој кадар со кој имаме, спремни се да се вклучат во лекувањето на овие пациенти“, рече Филипче.

Во однос на заштитната опрема, Филипче уверува дека тоа не ги загрижува, бидејќи производителите на средства за дезинфекција не размислуваат за извоз на производите.

„Маските не се нешто што не загрижува, навистина имаме повеќе од 20 илјади на распоалгање и дозвола и од Бирото за јавни набавки, како и Антикорупциска комисија согласно итноста на ситуацијата, не само Министерството туку секоја институција да набавува за себе. Зборувавме со наши производители од произвоизводството на дезифисиенци, кои не уверија дека за државните институции тоа ќе биде обезбедено. Не размислуваат на извоз. Тоа не е нешто што во овој момент и скоро време може да биде проблем“, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Балканскиот криминален октопод се руши, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

Филипче со порака до Мицкоски: Доаѓа времето на вистината – ќе одговарате сите до еден!

А1он