МО: Работиме на подобрување на условите во АРМ

Од:

Министерството за одбрана во реакција на прес-конференција на СДСМ наведува дека работи континуирано на подобрување и унапредување на стандардите и условите на работа на припадниците на АРМ согласно законските правила и процедури за набавка се со цел подобра безбедност на нашата држава, а со тоа и зачувување на стабилноста во регионот.

Токму затоа, како што стои во реакцијата, во 2017 година за припадниците на АРМ согласно планот на набавки е предвидено набавка на нови 7000 воено теренска униформа и 4000 пара чизми.

– Зановувањето на опремата на припадниците на АРМ е постојан процес и тоа се одвива согласно потребите. Изминатата 2016 година за потребите на Армијата веќе се испорачани 3480 службени униформи од кои 3150 се комплет палто, панталони и џемпери и 330 сукњи. Во моментов се врши оверка на мостри за шапки, вратоврски и друго и се очекува испораката да биде до крајот на март оваа година.

Дополнително од 2013 година до денес се набавени повеќе од 15.500 пара војнички чизми.

Во реакцијата додава дека Министерството за одбрана изготви програма за модернизација на Армијата во вредност од околу 300 милиони евра која е најголема од осамостојувањето наваму и придобивките од неа веќе оваа година ќе почне да се гледаат. – Посебен акцент, како што се наведува, е ставен за набавка на нова опрема со која нашата Армија ќе биде во согласност со НАТО стандардите и партнерските цели.

Минатата година Министерството за одбрана ја зголемила дневницата за припадниците на АРМ кои се ангажирани на јужната граница, дополнително, за припадниците кои се ангажирани и сместени таму биле преземени инвестициски зафати (реновирање на објектот) со цел овозможување на одлични услови на работа и сместување.

Министерството за одбрана ги отфрла сите обиди за оцрнување на Армијата и Министерството и бара ваквиот начин на ширење дезинформации да престане особено од една политичка партија која се бори да ја добие власта во Македонија.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори