Мониторингот за работата на Судскиот совет: Неопходна поголема транспарентност и независност

Од:

Третиот квартален извештај од мониторингот врз работата на Судскиот совет на РМ за период од мај до јули годинава, покажува дека се одржани осум затворени седници за јавноста, кои главно се однесувале на оценување на работата на претседателите на судовите и судиите, а активноста на Судскиот совет била за избор на претседатели на Судови.

Извештајот е претставен денеска во рамки на дебатата „Судскиот совет на РМ гарант за судската независност“ во организација на Институтот за човекови права (ИЧП).

Претседателката на ИЧП Маргарита Цаца Николовска, рече дека забележлива е поголема отвореност во работењето на Судскиот совет, но целта на денешната дебата е презентација на искуства од регионот во врска со работењето на двата органи во делот на транспарентноста и отчетноста.

– Не е избран нов претседател на Основен суд Куманово. За овој неизбор за жал нема образложение, што секако не е во насока на транспарентноста. Судскиот совет достави извештај за 2016 година во јули 2017, иако според закон требало да биде доставен во март месец, рече Николовска.

Посочи дека до Советот за утврдување на факти во овој период се поднесени 115 претставки од граѓани и правни лица, за кои се расправало на 14 одржани седници и има две барања за поведување одговорност на судиите или претседател на суд.

Заменик министерот за правда Оливер Ристовски, рече дека извештаите од ЕК, Прибе, Венецијанската комисија и ГРЕКО за Македонија, укажуваат на тоа дека Советот за факти треба да се укине и надлежноста од овој совет да се префрли во Судскиот совет.

– За таа цел е изработен предлог закон за укинување на Советот за факти и изработени се измените на Законот за Судскиот совет со префрлање на надлежноста од Советот на факти во Судскиот совет. Новитети се разрешувањето на судиите. Постапката за евентуално разрешување судија ќе ја водат тројца членови од судскиот совет, кои ќе ја спроведат целата постапка, но нема да имаат можност да учествуваат во гласањето за разрешување, изјави Ристовски.

Посочи дека пакетот измени се уште е во фаза на предлог закон, за што ќе следи дополнително јавна расправа, како и дека целта е сите законски измени согласно забелешките да завршат согласно 2018 година, а во следниот три и полгодишен период да се следи само нивната имплементација.

Според судијата и универзитетски професор Лазар Нанев, иако Судскиот совет согласно нормативната поставеност е орган што се грижи за независноста и самостојноста на судството во Македонија, практичните искуства и извештаи јасно укажуваат дека во Македонија се нарушени основите на независноста и самостојноста на Судскиот совет, што значи дека во следниот период ќе мора да се нормализираат активносите и се преземат мерки за апдејтирање на работата на Судскиот совет што ќе бидат гарант на независноста и самостојноста.

Би можело да ве интересира

Тошковски за акцијата во Судскиот совет: Премногу е рана фазата за да навлегуваме во детали

Судски совет: Нема наредба за претрес, соработуваме со ОЈО Скопје

А1он

МВР врши претреси во Судскиот совет, се бараат записници поврзани со мандатот на Дамева

Горан Наумовски

МВР упадна во просториите на Судскиот совет

Горан Наумовски

Кузеска: Скандалозен е изборот на сопругата на градоначалникот на Радовиш за членка на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски

Судиите Аритон Ала и Данка Ристова нови членови на Судскиот совет