МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

Од:

Министерството за образование и наука (МОН) денеска во врска со протестот на петте јавни универзитети, кои бараат потпишување на колективен договор, за МИА потврди дека ја поддржуваат секоја идеја за зголемување на платите и доколку постои волја во Собранието за негово потпишување, како институција ќе учествуваат во преговорите.

-МОН и министерот Јетон Шаќири ја поддржуваат секоја идеја за зголемување на платите на вработените во образовните институции без разлика дали се во основното, средното или високото образование. Со оглед на тоа што основач на државните универзитети е Собранието, доколку таму постои волја за потпишување колективен договор и со другите универзитети, освен со УКИМ, како институција ќе учествуваме во преговорите, затоа што наставно – научниот кадар заслужува повисоки плати, потенцираат од МОН.

Инаку, денеска на мирен протест излегоа членовите на синдикатите на универзитетите во Битола, Тетово, Штип, Охрид и „Мајка Тереза“ во Скопје, на кој побараа потпишување на колективен договор и изедначување на правата, обврските и одговорностите со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

Ректорот на Универзитетот Св. Климент. Охридски“ – Битола Игор Неделковски за време на протестот информираше дека добил порака од претседателот на Собранието Јован Митрески во која било наведено дека на денешната координација на пратеничките групи донеле одлука да предложат измени на Законот за високо образование, со кои ќе се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи, со што ќе се обезбеди соодветно покачување на платите на сите.

Би можело да ве интересира

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

МОН: Нов електронски дневник за работа на училиштата, по тестирањето ќе почне неговата официјална примена

Горан Наумовски

МОН со препорака за скратени часови и со насоки за заштита на учениците од високите температури

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов