МОН: Во средните училишта во првото пријавување се запишаа 12.996 ученици

Од:

Првото пријавување на учениците се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни 2023 година. Прелиминарната ранг листа се објави на 22 јуни 2023 година, а доставувањето на потребната документација до училиштата беше на 22 и 23 јуни 2023 година. Конечните ранг листи се објавија на 24 јуни 2023 година.

Согласно Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2023/2024 година во Република Северна Македонија, кој е објавен во месец март 2023 година, предвидено е во училиштата каде во конечната ранг листа има поголем број ученици со исти бодови, да се организира квалификациско тестирање по наставниот материјал од осмо и деветто одделение по наставните предмети и тоа:

– за гимназиско образование – мајчин јазик и математика

– за зравствена струка – биологија и хемија

– за другите струки – мајчин јазик и математика.

Оваа година квалификационото тестирање ќе се организира на 26 јуни 2023 година во следниве училишта:

– СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Град Скопје (за стручно образование – здравствена струка за образовните профили фармацевтски техничар на албански наставен јазик).

Во средните училишта во кои се реализираат наставни планови и наставни програми за уметничко образование квалификационото тестирање ќе се организира на 26 јуни 2023 година.

Конечните ранг листи со резултатите за учениците кои ќе полагаат квалификационо те-стирање ќе се објават на 26 јуни 2023 година.

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27 јуни до 24.00 часот и на 29 јуни 2023 година до 10:00 часот. Прелиминарната ранг листа на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 13:00 часот. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 29 јуни од 15.00 до 19.00 часот и на 30 јуни од 07.00 часот до 19.00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето.

Конечната ранг листа за секое училиште со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објави на 1 јули 2023 година, најдоцна до 12.00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 3 јули 2023 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 3 јули 2023 година, на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

Во средните училишта во првото пријавување се запишаа 12.996 ученици.

Би можело да ве интересира

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

Новата учебна година ќе почне за 245.000 ученици во основните и средните училишта

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци