МОН: Тврдењата на СДММ за студентскиот стандард се за политички цели

Од:

Министерството за образование и наука (МОН) во реакција на денешната прес-конференција на претседателот на СДММ истакнува дека презема мерки, проекти и активности кои го унапредуваат високото образование и го олеснуваат студирањето и студентскиот живот.

Податоците на СДММ, од каде ги критикуваа трошоците и условите за живеење  на студентите во студентските домови, се невистинити и манипулативни за политички цели.

Во време на актуелната Влада, според МОН, високото образование станало подостапно од кога било и значително е намалена и унифицирана партиципацијата за студирање на државните универзитети. – Денес студирањето во државна квота изнесува 200 евра годишно, додека студирањето во квотата со кофинансирање чини максимум 400 евра – за разлика од минатото кога на власт биле денешните опозиционери, кога студентите плаќаа и по 1.200 евра годишно, наведува во реакцијата МОН.

Студентите и студентскиот стандард, истакнува ресорното Министерство, денес се еден од врвните приоритети за Министерството за образование и наука. Изграден е систем на стипендирање кој нуди повеќе од 40 различни видови стипендии за македонските граѓани. За дополнително финансиско олеснување, на сите редовни студенти на државните универзитети им е овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај.

– На сите студенти на мајчин јазик им се достапни 1000 стручни, научни книги и учебници од кои се учи на најдобрите светски универзитети, кои може да ги користат во специјализирани читални и во библиотеките. Добија нови лаборатории на факултетите каде студираат. Континуирано се подобруваат и условите за сместување и престој во постојните студентски домови, преку темелни реконструкции на постојните домови, како студентскиот дом Гоце Делчев и преку изградба на нови сместувачки капацитети, како оние во состав на студентскиот дом Стив Наумов. Наскоро започнува и изградбата на два нови студентски домови, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите