МОН со 7,84 проценти поголем буџет од минатата година

Од:

Министерството за образование и наука ќе има 6,1 милијарди денари буџет во 2019 година, што е за 7,84 проценти поголем во однос на 2018 година. МОН ќе се фокусира на реформирање на основното и модернизација на средното стручно образование, како и за унапредвање на ученичкиот и студентскиот стандард.

Ресорниот министер Арбер Адеми денеска на средба со новинарите рече дека во септември ќе има ново зголемување за 5 отсто на платите на наставниците во основното и во средното образование, а дека првпат по повеќе години зголемување од 5 проценти ќе добијат и професорите во високото образование. За науката се планирани 415 милиони денари.

За блок-дотации за основни и средни училишта во општините се наменети 14,4 милијарди денари, што во однос на 2017 година е речиси 1,4 милијарда повеќе.

Во основното образование, за кое новиот закон е во втора нацрт-верзија, ќе бидат внесени препораките од анализата на ОЕЦД и УНИЦЕФ за што ќе има и акциски план, а средното стручно ќе се унапредува со нови, модернизирани наставни планови и програми и во соработка со нови бизнис-партнери ќе се проширува концептот дуално образование.

Од септември ќе биде отворена и математичко-информатичката гимназија. Адеми рече дека сè уште немаат анализа колку паралелки би се отвориле во првата учебна година од нејзиното работење. Додаде дека сега се фокусирани да се обезбеди објект за новото училиште, а потоа, како што рече, ќе ги преземат другите чекори за профункционирање на гимназијата.

Во високото образование, покрај пари за повисоки плати, обезбедени се средства и за формирање на новите институции предвидени со новиот Закон за високото образование – Национален совет за високо образование, наука и истражување и за Агенцијата за квалитет во која како посебни тела ќе функционираат советите за акредитација и за евалуација.

За ученички стандард се предвидени 1,1 милијарда денари, а сега со законска одредба финансиски ќе се поддржуваат домовите и нивните долгови по основ на режиски трошоци.

За капитални инвестиции се наменети 2,4 милијарди денари, што споредено со ребалансот од 2018 е повеќе за една милијарда. Ќе бидат наменети за изградба или реконструкција на училишта и спорстки сали. Адеми рече дека во соработка со Министерството за финансии ја разгледуваат можноста за реконструкција на сите студентски домови со меѓународна помош, но дека идејата е во иницијална фаза и се во преговори, а за реализација ќе направат приоритети.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите