МОН: Сите ученици навреме ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година

Од:

Сите ученици навреме ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, завршена е постапката за набавка и во тек е испораката, соопшти денеска Министерството за образование и наука (МОН).

-Учениците од основните и средните училишта навремено ќе ги добијат свидетелствата за учебната 2022-2023 година, во текот на јуни. Бирото за развој на образованието под чија надлежност е спроведувањето на постапката за набавка на педагошка документација за училиштата, вклучително и свидетелства, веќе ја реализираше оваа обврска. Според информациите од БРО, склучен е договор со економски оператор и истиот веќе ги испорачува свидетелствата за сите одделенија, а завршена е доставата за учениците од четврто и деветто одделение во основното образование, како и за учениците од завршните години во средното образование, наведува МОН.

Според МОН, по целосната испорака, секое училиште индивидуално ги одредува датумите за доделување на свидетелствата за секое одделение.

-Апелираме тоа да се случи што поскоро по завршување на наставната година, која согласно календарите за организација на работата на училиштата, за основците трае до 14 јуни, додека за средношколците до 9 јуни, се наведува во соопштението од МОН.

Би можело да ве интересира

Алармантен пад на бројот на првачиња – годинава запишани речиси 5.000 помалку ученици

Горан Наумовски

Ѓорѓиевски: Учениците од прва година од средните училишта во Скопје првпат ќе добијат бесплатни униформи

Горан Наумовски

Над 11.000 слободни места ги чекаат учениците во вториот уписен рок

Јаневска: Дигитални свидетелства за учениците од прво до трето одделение

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

Јаневска: Со законските измени ќе се санкционираат родителите чии деца се насилни