МОН: СДСМ изнесуваат невистини за да добиjат ситни политички поени

Од:

Министерството за образование и наука, остро реагира на невистините изнесени од страна на Фросина Ременски, а по повод набавката на лаборатории и наводното „изигрување на тендерска постапка“.

„Со цел правилно и точно информирање на јавноста, базирано на докази и факти, информираме дека во објавен повик на Министерството за образование и наука бр.43/2010, согласно Законот за јавните набавки, во деллива постапка се бараа правни субјекти коишто ќе обезбедат опрема за три лаборатории и тоа: Лабораторија за аудио и видео обработка на податоци; Лабораторија за продукција и Лабораторија за криминалистичка регистрација и идентификација“, велат од МОН.

Во соопштението се наведува дека делива постапка значи оти не мора еден ист понудувач да се јави за сите три лаборатории, туку дека може за секоја лабораторијаа да се појави различен понудувач. Дополнително тоа значи и дека објавувачот на тендер (во овој случај МОН) може да избере фирма за само една или само две од трите лаборатории (не мора за сите три лаборатории да се избере понудувач).

„На јавната набавка, избрана е само една фирма понудувач и тоа за набавка на третата лабораторија (Лабораторија за криминалистичка регистрација и идентификација), односно избрана е фирма за набавка на само една (1) лабораторија, а не набавка на три (3) лаборатории. За првите две лаборатории постапката е поништена (поради повисока понудена цена). Оттука апсолутно е неточен податокот дека се набавени три лаборатории, па затоа не е возможно да исчезне нешто што и не постои (не е набавено)“, стои во соопштението.

Од МОН наведуваат дека на огласот објавен на Бирото за јавни набавки, согласно законските одредби за водење на постапи за јавни набавки, наведен е оглас за избор на понудувач и склучен договор со понудувачот (за набавката на една лабораторија), бидејќи согласно правилата на БЈН, се објавува и договорот со понудувачот.

„Од табелата јасно се гледа дека целата набавка се однесува на 3 лаборатории (“За целиот предмет на набавка”), но дека е реализирана само дел од набавката, односно дека е набавена само една лабораторија а не три лаборатории (“Опис на делот за набавка”) и тоа само Лабораторија за криминалистичка регистрација и идентификација.“, стои во соопштението.

Од МОН, апелираат до политичките партии да не ја манипулираат јавноста и да изнесуваат невистини се со цел добивање на ситни политички поени./МЕТА

Би можело да ве интересира

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

МОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава