МОН: СДСМ беше најголем противник на основањето на универзитетот „Гоце Делчев“

Од:

Министерството за образование и наука реагира на прес конференцијата на Петар Атанасов

„Голема е иронијата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, кој во 2007 година беше најголемиот противник на основањето на универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, квалификувајќи го како непотребен, проект за вдомување партиски кадри, а денес ветува поддршка за негов развој и изградба на студентски дом. За волја на вистината, овој универзитет е една од најбрзо растечките високо образовни установи во земјата и се наоѓа на второто место на националната ранг листа со универзитети, изготвена согласно критериумите на Шангајскиот Џиао Тонг Универзитет. Тој ја има поддршката од институциите на системот, како во делот на унапредувањето на студиските програми и наставата, така и по однос на модернизацијата и надградбата на инфраструктурните услови и капацитети. Така што, ветувањата од оние кои го урнисуваа не само овој универзитет, туку и целокупниот високо образовен систем, вклучително и студентскиот стандард, воопшто немаат кредибилитет“, се вели во реакцијата.

Би можело да ве интересира

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа