МОН: Прашањата за екстреното се изведени и изготвени согласно наставните планови, програми и цели

Од:

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека согласно објавените распореди на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk, денес во 9:30 часот започна процесот на екстерната проверка на постигањата на знаењата на вкупно 43.613 ученици од четврто одделение во основно образование до трета година во средно образование.

Според информациите од кол центрите, ангажираните тестатори и надбљудувачи, процесот се реализира непречено и согласно акцискиот план и дефинираната динамика, при што, заклучно со 12:00 часот истиот е целосно заокружен во 103 основни и средни училишта. До овој момент нема пријави за технички или проблеми од каква било друга природа.

„Сите прашања коишто се дел од процесот на екстерното тестирање се изведени и изготвени согласно наставните планови, програми и цели. Истите се прилагодени на возраста на учениците и развојните карактеристики на соодветната возраст“, информираат од МОН, негирајќи ги објавите во дел од медиумите дека имало нелогични прашања и дека на некои прашања им се додавала политичка конотација.

Од МОН појаснуваат дека доколку некој забележи извесна грешка од техничка или друга природа во прашањата, да пријави со само еден клик на апликацијата/прозорчето поставено веднаш до секое прашање на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

„Доколку во меѓувреме додека трае тестирањето се констатира извесна потреба од корекција на прашање, информираме дека ниту еден ученик нема да биде оштетен со одземање на бодови при оценувањето, туку напротив, тоа прашање нема да се земе во предвид при формулирањето на конечната оценка од тестот“, се вели во соопштението од МОН.

Екстерната проверка на постигањата на знаењата на вкупно 183.280 ученици и проверка на објективноста на оценувањето на 17.803 наставници по 7.560 предмети, започна на 2.6.2015 година и ќе трае заклучно со 10.6.2015 година. Резултатите ќе бидат објавувани етапно, при што, поради претстојните уписи во задолжителното средно образование, предност ќе имаат деветто одделенците.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите