МОН објави конкурс за субвенционирање научни трудови објавени во 2016 година

Од:

Министерството за образование и наука на својата веб-страница www.mon.gov.mk објави конкурс за субвенции за научни трудови објавени во 2016 година. Како и во минатите години, МОН ќе додели 300 еднократни парични износи во висина од 30.000 денари.

Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска на прес-конференција соопшти дека ќе се субвенционираат трудови во шест области: природно-математички науки, техничко-технолошки, медицина и здравство, биотехнички науки, општествени и хуманистички науки.

Авторите кои минатата година објавиле научен труд во меѓународно списание со фактор на влијание (импакт-фактор), за субвенција може да аплицираат до 24 декември 2017 година. Ристовски апелираше до научните работници и установи доколку ги исполнуваат условите од конкурсот да ја искористат оваа можност.

Еднократните финансиски средства во износ од 30.000 денари за оваа намена МОН почна да ги доделува од 2012 година. Меѓу субвенциите што досега се доделени, доминираат за трудови од областа на меицината и техничките науки.

– Досега доделивме повеќе од илјада вакви субвенции, односно еднократни парични износи за поддршка на објавени научно-истражувачки трудови на домашни автори во меѓународни научни списанија со фактор на влијание. Тоа е еден вид награда за вложениот труд и стимулација за континуитетот во заложбите, но и мотивација за сите останати научни работници кои од какви било причини во минатото не изработиле или немале можност да објават личен труд во списание со фактор на влијание, рече Ристовски.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите