МОН ќе и предложи на Владата итна проценка на безбедносните ризици од одредени социјални мрежи како Тик-Ток

Од:

Земајќи ги предвид случувањата во соседна Србија, а со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина, на Владата на Северна Македонија и безбедносните органи ќе им предложам итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, кои што во голема мера се потхрануваат од одредени социјални мрежи, како ТикТок, информира министерот за образование и наука Јетон Шаќири преку соопштение.

Имајќи предвид дека тие социјални мрежи не треба да се користат во училишна средина, додава министерот, МОН веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, како тие ризици би се минимизирале, а нивната употреба да се ограничи или целосно да се оневозможи.

-Ги повикувам сите наставници, како и родители, на поотворен дијалог, надминување на шокот и неверувањето, промоцијата на разбирањето и позитивните согледувања, со цел да се помогне на своето дете, како и на децата околу нас, бидејќи тие се најзагрозената категорија во моментот, посочува Шаќири.

Веќе во консултација со експертската заедница од повеќе институции и факултети, дополнува, ќе се зајакнат дополнително превентивните програми за борба против булингот, промоција на ненасилството и дијалогот, како клучни елементи за образование и развој на нашите ученици.

Би можело да ве интересира

Имате стипендии на сметките, не дозволувајте манипулации им порача на студентите министерот Шаќири

Учениците од четврто, петто и шесто одделение од денеска ќе ги имаат првите дигитални интерактивни учебници

Шаќири: Ќе побарам одговорност ако наставните програми за седмо одделение не бидат готови до крајот на ноември

Протест, блокади и бојкот-родителите на учениците од „Његош“ му се заканија на министерот Шаќири

Шаќири: Секој учебник ќе биде доставен во училиште до крајот на септември

A1on

Општина Куманово контра Шаќири: За реконструкцијата на училиштето во Агино село аплициравме лани, МОН не ни одговори

A1on