МОН и БРО информираа за начинот на оценување во услови на пандемија, првите оценки за учениците до 20 ноември

Од:

Бирото за развој на образованието (БРО) и Државниот просветен инспекторат препорачуваат првите сумарни оценки за секој ученик да бидат изведени до 20 ноември, а Министерството за образование и наука (МОН) и Бирото веќе ги известија училиштата за начинот на следење и оценување на учениците во периодот на реализација на наставата во услови на пандемија кои можат да се најдат во упатството за наставниците за начинот на оценување на учениците: https://www.bro.gov.mk/wp-content/uploads/2020/09/Upatstvo_za_nastavnicite_za_ocenuvanje.pdf.

-При формирање на оценката ќе се следат упатствата утврдени од Бирото за развој на образование на почеток на учебната година. Наставниците тука имаат јасно утврдени насоки со кои ќе се заштити квалитетот на процесот на формирање на оценката. Во случаите каде што од различни причини не може да се формира оценка онлајн, треба да се организираат индивидуални средби со овие ученици, преку наставниците кои ќе ги следат нивните постигнувања и ќе ја формираат оценката, велат од МОН.

МОН и БРО апелираат до наставниците да го прилагодат оценувањето на учениците согласно учењето на далечина.

-Потребно е да се постават јасни насоки во врска со очекуваните резултати од учењето и начинот на следење, контролирање и вреднување на постигнувањата на учениците во овој период. Во рамки на формирањето оценка треба да се задаваат автентични задачи кои ја елеминираат можноста за готови одговори од наставните материјали, или од други извори на информација, а во задачите со кои се проверува познавањето и разбирањето на фактите треба да се обезбеди контрола на времето за решавање на задачите, им препорачуваат на наставниците.

Дополнително, додаваат, наставникот може да направи табела за докази/продукти што ученикот ќе ги испрати како дел од електронското портфолио што ќе се оценува.

-Притоа критериумите за оценување, начинот на достава и роковите за достава треба да бидат јасно комуницирани до учениците и родителите. Учењето во виртуелна училница е во некои аспекти предизвик, но е истовремено можност да се направи исчекор во оценувањето – да се стави акцент на посложените когнитивни процеси, односно на издвојување, разбирање, анализа и помнење на она што е навистина важно, наместо усвојување на фактографско знаење. Ова е впрочем и цел на образованието и на реформите кои ќе следуваат, велат од МОН и посочуваат дека кризата треба да се искористи како можност за поставување практики кои и понатаму ќе овозможат унапредување на образовниот процес и ќе бидат почеток на промени кои се неопходни за овозможување квалитет и адаптација на образованието за потребите на новите генерации.

Би можело да ве интересира

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

МОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов

Студентите најавија протест: „МОН не ни исплати стипендии кои ни требаат да запишеме семестар“

Орце Костов

Ректоратот бара, МОН ветува дека нема да се зголеми партиципацијата за студентите

Орце Костов