МОН ги повлече решенијата со кои претходно ги врати старите директори во гостиварските училишта

Од:

Министерството за образование и наука соопшти дека ги повлекува решенијата за враќање на директорите на училиштата во Гостивар на работните позиции, од кои, како што велат, биле разрешени на незаконски начин. Одлуката за повлекувањето доаѓа еден ден по прес-конференцијата на општина Гостивар, од каде обвинија дека во ек на кампања, Министерството ги вратило старите директори.

Од МОН велат дека повлекувањето на директорите произлегло од одлуката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен коишто го диктирале токму тоа, директорите кои се разрешени на незаконски начин во училиштата во Гостивар, да се вратат на нивните работни позиции.

„Повлекувањето на одлуките на МОН се потпира на целта, заложбите и максималниот ангажман изборниот процес да се одвива на најдобар можен начин, во мирна и коректна атмосфера, со цел да се избегне секое алиби и обид за ставање дамка на овој многу значаен процес за општеството и земјата. Оваа одлука на Министерството за образование и наука доаѓа без оглед на фактот што се работи за една чиста правна ситуација во која се констатирани прекршувања на законот од страна на градоначалникот на Гостивар. Како Министерството за образование и наука, така и градоначалникот на општина Гостивар, се обврзани целосно да ја почитуваат одлуката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и да постапуваат согласно истата“, велат од Министерството за образование.

Претходно на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари кој е од „Алијансата за Албанците“ му беа одземени ингеренциите во образованието поради, како што тврди МОН, констатирани нерегуларности и непочитување на законите. Аслиан Снопче, која е одговорна за образование во општина Гостивар вчера рече дека среде предизборна кампања министерот за образование од ДУИ, Арбер Адеми, разрешува директори именувани од страна на градоначалникот и наместо нив ги именува старите партиски директори. Таа најави дека ќе достават соодветна документација до антикорупциската комисија.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите