МОН ги објави наставните планови за второ и трето одделение

Од:

Министерството за образование и наука (МОН) денеска соопшти дека по извршената ревизија, подготвени и објавени се новите наставни планови и програми за второ и трето одделение.

МОН бара и очекува од наставниците од одделенската настава, како и сите компетентни и заинтересирани лица, активно да се вклучат во процесот на градењето на новиот модел за основно образование и да достават свои критики, коментари и предлози за подобрување на новите наставни програми за второ и трето одделение.

Новите наставни планови и програми за второ и трето одделение на македонски, албански, турски и српски јазик може да се преземат на следните линкови: второ, трето.

Сите коментари и предлози можат да се испратат на на [email protected], или да се достават до архивата на Министерството за образование и наука (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54).

Би можело да ве интересира

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа