МОН: До 30 ноември повторно пријавување за субвенциониран студентски оброк

Од:

Министерството за образование и наука (МОН) информира дека до 30 ноември повторно може да се аплицира за субвенциониран студентски оброк. Може  да се пријават сите студенти кои ги исполнуваат условите согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, но не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право во првиот и вториот рок.

dobivaj vesti na viber

Оваа можност ќе биде достапна секој месец од 20-ти до 30-ти односно до 31-ви во месецот.

– Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/ и многу едноставно, со прикачување на само два документа – пријава и изјава за точност на податоци и се наведуваат податоци за лична трансакциска сметка, информира МОН.

Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари девет месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци.

-Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата, наведува Министерството.

Правото на субвенциониран студентски оброк досега го имаат остварено 18 105 студенти на кои, посочува МОН,  редовно им се префрлаат средства на личните трансакциски сметки.

Би можело да ве интересира

Митева: МОН платило пола милион евра за скрипти за еднократна употреба

Митева: Наместо нови учебници, МОН платило 530.000 евра за привремени материјали за учење

Генијот Македон од државата доби само слика со министерот, родителите сами ќе го платат неговото образование

Орце Костов

Студентите во Атина на протест за распоредувањето на универзитетската полиција

А1он

МОН: Доставата на новите материјали за учење за прво, второ, четврто и петто одделение и на учебниците за останатите одделенија ќе заврши пред 1 септември

Шаќири: Квалитетно високо образование создава генерации кои ќе умеат да се носат со предизвиците

Горан Наумовски