МОН демантира дека прашањата на екстерно се различни од објавените од ДИЦ

Од:

Министерството за образование и наука ја демантира информацијата објавена во дел од медиумите, во која се наведува дека прашањата коишто се дел од тестовите при процесот на екстерното тестирање, се различни од прашањата коишто беа јавно објавени на интернет страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

Информираме дека се работи за истите прашања, коишто се изведени и изготвени согласно наставните планови, програми и цели и за кои постоеше можност, доколку некој од учениците или било кој граѓанин забележи извесна грешка од техничка или друга природа, да пријави со само еден клик на апликацијата/прозорчето поставено веднаш до секое прашање.

Министерството за образование и наука уште еднаш потврдува дека доколку во меѓувреме, додека трае тестирањето се констатира извесна потреба од корекција на прашање, ниту еден ученик нема да биде оштетен со одземање на бодови при оценувањето, туку напротив, тоа прашање нема да се земе во предвид при формулирањето на конечната оценка од тестот.

Истовремено, апелираме до сите општествени чинители и субјекти кои преку пласирање на невистинити информации се обидуваат да манипулираат со учениците заради остварување на дневно политички цели, наместо манипулација и злоупотреба, да придонесат кон заложбите за градењето на поквалитетен образовен систем на сите нивоа, што впрочем и треба да биде наша заедничка и единствена цел.

Би можело да ве интересира

До 20 ноември аплицирање за студентска стипендија, МОН ќе додели вкупно 3000 по нов модел на распределба на средствата

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

МОН со остар демант: Левица манипулира со податоци од ревизија

НАкС: МОН игнорираше голем дел од нашите предлози за високо образование

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа