Момо Николовски тешко болен, семејството собира средства за лекување во странство

Од:

Познатиот пејач на народна музика, Момо Николовски се соочува со премрежје во животот. Семејството на социјалните мрежи апелира за помош и собирање на срества за лекување на Николовски во странство. Тој боледува од абдоминален канцер и му треба помош за понатамошно лекување во Берлин или Истанбул.

По емотивното писмо на неговата сопруга Валбурга Батева Николоска, на социјалните мрежи се споделуваат апели за помош на Николовски.

„Момо не го знам, освен преку песните и телевизија, но ја знам неговата сопруга Валбурга која во многу тешки моменти била тука за мене и со таква прекрасна жена покрај себе не се сомневам дека и тој е прекрасен човек. А на тој прекрасен човек му треба вашата и мојата помош за да си го спаси животот, затоа да помогнеме кој колку што може”, апелираат граѓаните на социјалните мрежи. Тие ја споделуваат на сметката на која можат да се донираат средства.

Сопругата на Николоски, Валбурга на Фејсбук објави со какви тешки моменти се соочува нивното семејство.

„Ова е мојата љубов. Човекот на мојот живот. Моето вечно момче и мојата рајска музика во срцето. Цел живот со неговата песна развеселуваше, но и безброј пати помагаше на луѓе кои беа соочени со животни предизвици. Сега е неговиот ред. Сега е нашиот ред. Ни треба помош, оти звуците на љубовта не смеат да згаснат, сега, кога најмногу си требаме еден на друг. Не сакам да го дадам, нема да го дадам! Неговата топла душа е моето скришно, безбедно место, таму не живее темнината, таму има доволно светлина за сто животи и уште еден. Секогаш бев тука за вас и вие за мене. Барајте ме, вие кои знаете колку го љубам, но и вие другите, кои сакат некого и некој ве сака. Овој филм мора да заврши со среќен крај, со ваша и Божја помош, а во моја режија. Мече мое, судбино моја, продолжи да танцуваш со мене! Јас, ти и музиката..“, напиша таа.

Би можело да ве интересира

Помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

A1on

ДУИ знаела дека прима преголеми донации, но парите не ги вратила веднаш, утврди Антикорупциска

A1on

Комбе за џамијата во Арачиново, лустери и темјан за Бигорски манастир: Донации од Агенцијата за одземен имот

A1on

Апел за помош на Никола Ѓорѓиев

Ана Ололовска