А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Могерини до македонските политичари: Не си играјте со оган

by А1он06/03/2017 - 19:4906/03/2017 - 21:44170
Share0

Политичарите да не си играат со оган во однос на меѓуетничка конфронтација, загрижена сум за состојбата во Скопје, но гледам потенцијал за решавање на кризата, како што е седница на парламентот и избор на спикер.

Добивај вести на вибер

Ова се зборовите на високата претставничка на Европската унија, Федерика Могерини, во однос на дискусијата на денешниот Совет за надворешни работи на Европската унија за Република Македонија, јави дописникот на МИА од Брисел.

– Нема да давам детали што некој министер кажа на денешниот состанок, но можам да кажам дека генерално сите министри ги поддржаа силно пораките што ги изразив во Скопје. Всушност, јас тоа го изразив и на состаноците со претседателот и со другите политички лидери, но и јавно, не само во име на ЕУ, туку и во име на генералниот секретар на НАТО. Колку сум загрижена? Сум. Но, се обидувам да се научам да одам над загриженоста и да видам потенцијал за решавање на политичката и институционална криза, бидејќи она со што се соочува Скопје е политичка и институционална криза, која сум загрижена да не се претвори во меѓуетничка криза, истакна Могерини на прес-конференција по денешниот Совет.

Високата претставничка на Унијата испрати, како што рече главна порака на политичарите „во Скопје“:

– Да не си играат со оган и меѓуетничка конфронтација, што ќе ја повлече земјата. Има инструменти за решение, како што е мудрост на претседателот, капацитетот на парламентот да продолжи со избор на спикер и деблокирање на состојбата за институционалната и политичка криза да се менаџира со инструментите што ги има Скопје, без мешање. Нормално, пријателите може да се грижат за состојбата и иднината на партнерите. Веруваме дека има можности да се излезе од институционалната криза. Има ресурси за тоа во Скопје, каде имав искрена и конструктивна размена за ова со сите политички лидери во парламентот и со претседателот. Се надевам дека мудроста ќе надвладее, порача Федерика Могерини.

Шефовите на дипломатиите на ЕУ-земјите, на денешниот Совет на Унијата не донесоа заклучок во однос на дебатата за Западниот Балкан и земјите во регионот, па она што го пренесе Могерини, како и некои од министрите претходно, се само пораки што во име на Европската унија се испратија кон регионот.

mogerini

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Заев и се заблагодари на Могерини за поддршката и во моментите на криза и во моментите на успех

Татјана Ташкова29/10/2019 - 20:4829/10/2019 - 20:50

ВИДЕО: Италијанскиот новинар Гајсер се прашува зошто нема реакција од Могерини за случајот „Рекет“

Татјана Ташкова11/08/2019 - 10:1111/08/2019 - 19:42

Видео: Хан и Могерини со пофалби, но и со потсетување дека не се завршени обврските

Anela Petrova19/03/2019 - 20:4320/03/2019 - 08:10

Оптимизам во Брисел за ЕУ преговори и поттик да се продолжи со реформите

Сандра Бошковска21/02/2019 - 08:14

Могерини: Има голема одлучност во Северна Македонија за реформската агенда

Сандра Бошковска18/02/2019 - 16:20

Шекеринска и Димитров на средба со Могерини и Хан: Македонија се движи во позитивен правец

Наум Локоски05/12/2018 - 18:50
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен