(ВИДЕО) Могерини за ставот на ВМРО-ДПМНЕ: Нема да кажувам дали да гласате „за“ или „против“, но излезете и изразете ја вашата волја

Од:

На новинарско прашање во врска со ставот на ВМРО-ДПМНЕ за референдумот, еврокомесарката за безбедност и надворешна политика, Федерика Могерини изјави дека не е нејзина улога да се меша во внатрешните работи на земјата, но повика сите да го искористат правото на глас.

– Одговорност ми е да ги повикам сите да го искористат своето демократско право. Никому не сакам да кажувам дали да гласа „за“ или „против“, но морам да кажам дека демократијата е бесценета работа. Вие имате можност да дадете форма на вашата земја. Подоцна ќе биде многу тешко, дека не сте направиле доволно. Јас се надевам дека вашите граѓани ќе излезат и ќе ја изразат својата волја, рече Могерини.

Таа истакна дека Македонија долги години седеше надвор од ЕУ и поради тоа има фрустрации кај народот, но сега има можност за решавање на прашањата кои ни стојат на патот.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?