А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Могерини: Треба политичка волја за решавање на прашањето за името со „ФИРОМ“

by А1он06/10/2014 - 22:0794
Share0

Потребна е политичка волја за решавање на прашањето за името со „ФИРОМ”, порача идната Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини, на сослушувањето пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскито парламент, јави дописникот на МИА од Брисел. По 50-тина прашања поставени од европратениците во рамки на АФЕТ-групата, Словенецот Алојз Петерле, претседател на Мешовитиот комитет на Европарламентот и македонското Собрание, како последен го постави прашањето за иднината на земјите од Западен Балкан во однос на евроинтеграциите.

Добивај вести на вибер

Одговарајќи на прашањето на Петерле, наследничката на Кетрин Ештон истакна дека и е драго што последното прашање и дозволило да спомене и нешто и за тоа прашање. Според екс-министерката за надворешни работи на Италија, не би било фер да се има еден приоритет на Балканот и дека дополнителна вредност за сите земји е регионалната димензија и ЕУ има поврзаност со овие земји, притоа условувајќи ја Република Македонија со навредливиот акроним “ФИРОМ”:

– Ризикуваме да ги удвоиме проблемите, ако не работиме на интеграција на овие земји. Приоритет број еден е Босна и Херцеговина, по изборите да се осигура раст и да се имплементира начин земјата да излезе од криза. Разговори на Србија и Косово се одвиваат добро на техничко ниво, но треба и на политичко. Албанија има уникатна шанса за реформи, а Црна Гора е прва на листата во однос на напредокот кон Унијата. Во однос на ФИРОМ и прашањето за името, верувам дека треба да се најде политичка волја за негово решавање – посочи Могерини, додавајќи дека се надева дека не заборавила некоја од другите земји од Балканот.

Федерика Могерини истакна и дека треба ЕУ треба да се грижи и за соседството, вклучително и на Балканот и Турција, бидејќи според неа “целата политика на проширување е добар механизам”.

Во повеќе од тричасовното сослушување од страна на европратениците, во одговорите на Италијанката доминираше темата за односите на ЕУ со Русија и ситуацијата во Украина. Таа постојано повторуваше дека Унијата мора да остане поврзана со Русија, која според не е партнер, но е сосед, а таа вети дека ќе се фокусира на одбранбената и безбедносна политика, да спречи кризи и да се справувам со пост-кризните ситуации.

Наследничката на Кетрин Ештон порача и дека ЕУ треба да го добие постојаното место во Советот за безбедност на Обединетите нации на Франција и на Велика Британија. Таа, исто така, истакна дека официјален Брисел, во партнерство со НАТО ќе посвети еднакво внимание во обезбедување на мир и безбедност на Истокот, но и на Југот.

euimeto

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:06

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто