(ВИДЕО) Могерини: Се надевам дека договорот ќе биде инспирација за многумина во регионот

Од:

Ова е историски ден за двете земји, но и за Европската унија и за Балканот, порача високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини по пристигнувањето во Отешево.

– Многумина беа скептични за договорот, а двајцата премиери и министри за надворешни работи беа истрајни за да го постигнат. Двете страни не направија горди, нас, европејците со вин-вин солицијата што ја потпишаа. Се надевам дека ова ќе биде инспирација за многумина во регионот да преземат храбри чекори, како и за цела Европа. Овој договор им покажа на Европа и светот дека секој проблем може да се реши со дијалог и лидерство, изјави Могерини.

Најави дека ЕУ ќе ја следи имплементацијата на договорот, бидејќи, како што кажа, тој не е значаен само за двете земји, туку и за Европа и светот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Заев и се заблагодари на Могерини за поддршката и во моментите на криза и во моментите на успех

Татјана Ташкова

ВИДЕО: Италијанскиот новинар Гајсер се прашува зошто нема реакција од Могерини за случајот „Рекет“

Татјана Ташкова

Видео: Хан и Могерини со пофалби, но и со потсетување дека не се завршени обврските

Anela Petrova

Оптимизам во Брисел за ЕУ преговори и поттик да се продолжи со реформите

Могерини: Има голема одлучност во Северна Македонија за реформската агенда

Могерини повторно побара итно укинување на косовските царини

Наум Локоски