Могерини и Хан го поздравија потпишувањето на договорот меѓу Македонија и Бугарија

Од:

Европската Унија го поздравува потпишувањето на билатералниот Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија, наведуваат во заедничката изјава високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

– Овој договор ја покажува одлучноста на двете страни за надминување на билатералните прашања и претставува инспирација за целиот регион. Тој е позитивен чекор напред во добрососедските односи и ја зацврстува ЕУ перспективата на поранешната југословенска Република Македонија во интерес на нејзините граѓани, стои во заедничката изјава на Хан и Могерини.

Би можело да ве интересира

Кошта: Не ни е потребна Унгарија за да го продолжиме процесот на пристапување на Украина кон ЕУ

Горан Наумовски

Орбан: Пристапувањето на Украина во НАТО би довело до војна Европа и би запалило „буре барут“

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ обезбеди македонскиот јазик и идентитет во ЕУ да бидат чисти, признати и без никакви додавки, тоа беа нашите црвени линии

ЕУ ја критикува состојбата во Газа, но нема да го прекине трговскиот договор со Израел

26 од 27 членки на ЕУ ги поддржуваат заклучоците за Украина

Мицкоски: Успеавме да го амортизираме ударот кој што некој од политичарите во Брисел сакаше да го нанесе врз македонскиот идентитет