А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Могерини и Хан го поздравија изборот на новата македонска Влада

by А1он01/06/2017 - 09:1301/06/2017 - 09:17179
Share0

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини и еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, утирнава во заедничко соопштение го поздравија изборот на новата македонска Влада, јави дописникот на МИА од Брисел.

Добивај вести на вибер

Во исто време, Могерини и Хан порачаа дека очекуваат Владата на премиерот Зоран Заев и опозицијата, да изготват заедничка програма за реформска агенда која ќе биде од корист за Република Македонија.

– Ние го поздравуваме гласањето за новата влада предводена од премиерот Зоран Заев. Европската унија е подготвена да ја поддржи работата што новата влада, како и опозицијата, ќе ја прават за конструктивно да се имплементираат сите делови од договорот Пржино и Итните реформски приоритети. Очекуваме сите парламентарни партии да ги остават нивните поделби настрана во моментов и од почеток да работат заеднички на доставување на заедничка реформска агенда која ќе биде од корист на земјата во целост. Ова е, исто така, од суштинско значење за да се врати земјата на својот пат кон европската интеграција, процес кој граѓаните јасно го сакаат и го заслужуваат – се вели во соопштението на високата европска двојка.

Со оглед на тоа што минатата недела веќе беше примен во Брисел од Федерика Могерини, на заедничка неформална вечера со останати пет премиери на балканските држави, претседателот на макеоднската Влада, Зоран Заев, наскоро се очекува да биде поканет во придружба на новиот министер за надворешни работи Никола Димитров повторно да ја посети европската престолнина овојпат за средба со еврокомесарот Јоханес Хан.

euvlada

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

Предраг Петровиќ11/04/2026 - 11:06

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

Горан Наумовски04/04/2026 - 10:15

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто