„Мое Куманово“ – конкурс за најдобра фотографија на градот

Од:

Општина Куманово распиша конкурс за најдобра фотографија со мотиви од градот. Ги повикува сите заинтересирани професионалци и аматери да се пријават согласно утврдените критериуми.

Конкурсот насловен Мое Куманово“ ќе трае еден месец, а испратените фотографии ќе бидат искористени за промоција.

Како што соопшти Општината, мотивите на фотографиите треба да се панорамски, да го прикажуваат градот ноќе или да отсликуваат знаменитости, занаетчиство, инфраструктура, јавни објекти, манифестации, спортски и културни настани.

По завршувањето на рокот за пријавување, стручна комисија ќе ги разгледа сите пристигнати фотографии и ќе одбере 30 најдобри кои ќе бидат изложени.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди за најдобра фотографија прво, второ и трето место според оценките на стручната комисија. За прво место општината ќе додели 20.000, за второ 15.000 и за трето 10.000 денари.

Пријавата за учество на конкурсот може да се симне од веб страницата на Општина Куманово www.kumanovo.gov.mk, или да се подигне лично во Архивата на Општина Куманово.

Конкурсот е објавен во делот на активностите кои предвидуваат подобрување на условите за престој на туристите за 2016 година.

Би можело да ве интересира

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски