МОДОМ полноправна членка на Федерацијата на Млади Европски Зелени

Од:

„МОДОМ е примен како полноправна членка во  Федерацијата на Младите Европски Зелени (FYEG) на собранието што се одржува во Прага од 25 до 29 мај. Федерацијата на Младите Европски Зелени е официјалниот подмладок на Европската зелена партија и претставува мрежа од 42 политички подмладока и невладини организации од цела Европа, кои ја имаат зелената идеологија како основа на дејствување.

МОДОМ на собранието го претставува членот на Претседателството на МОДОМ, Милан Николовски, кој во Прага ги претстави активностите на МОДОМ на национално и меѓународно ниво во изминатите две години, структурата на организацијата и програмата усвоена на последното младинско собрание, како и зголемената независност на младинската организацијата и функционирањето како политички подмладок со зелена идеологија. Апликацијата на МОДОМ за членство во Федерацијата на младите европски Зелени (ФИЕГ) беше проследена со голем интерес од сите организации-членки.

Покрај приемот на МОДОМ на Собранието на Федерацијата на Младите Европски Зелени беа избрани и новиот Извршен одбор и лице за финансиско работење. За машки и женски портпарол на организацијата беа избрани Тео Комет и Мари Почон, а за Генерален секретар беа избрани Артур Вичорек и Томас Кремен.

Полноправното членство на МОДОМ во оваа организација ќе значи посилно чекорење со зелената агенда и поефективно остварување на својата програма, со поддршка на зелените политички подмладоци и невладини организации од цела Европа.

МОДОМ им благодари за довербата на колегите од сите организации-членки на Федерацијата на Mладите Eвропски Зелени (ФИЕГ), а на новоизбраното раководство му посакува успешна работа“, се вели во соопштението на МОДОМ.

Би можело да ве интересира

МОДОМ: Животна средина и климатски промени редовен предмет во училиштата

Ана Ололовска

МОДОМ: Поддршка за унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето

Ана Ололовска

МОДОМ на стратешко планирање во Брисел

Ана Ололовска

МОДОМ: Утрово повторно најзагадени во светот, активирање на итните мерки веднаш!

Ана Ололовска

ДОМ: Министерството за финансии да го повлече новиот предлог Закон за личен доход

Наум Локоски

Морачанин е кандидат за претседател на ДОМ

Ана Ололовска