Мобилен тим на Царинската управа спречи шверц на 3.590 таблети „трамадол“

Од:

Мобилен тим на Царинската управа спречил шверц на 3.590 таблети „трамадол“ откриени во личен багаж на еден патник при контрола на автобус на граничен премин Табановце.

Случајот, соопштија денеска од Царина, е откриен на излез од државата, а автобусот сообраќал на редовна линија Македонија-Данска. Против патникот, инаку македонски државјанин, е поднесена соодветна пријава.

– Во моментот кога автобусот е ставен на мобилен скенер, при што секој од патниците го извадија својот личен багаж надвор од автобусот, патникот се обиде да го искористи моментот и ја фрли торбата преку жичаната ограда на царинскиот терминал Табановце. Во ова е воочено од страна на еден од инспекторите, при што веднаш беше тргнат на детална контрола. Во неговиот личен багаж, во ракави на блузи, ногавки на фармерки и во чорапи се откриени вкупно триста педесет и девет ленти со по десет апчиња „Дорета“ коишто содржат 75 мг „Трамадол хидрохлорид“, соопштија денеска од Царинската управа.

Би можело да ве интересира

На „Богородица“ се запленети девет пиштоли, шверцерот е во притвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: На Дојран фатен Србин, возач на камион со 5.050 штеки цигари

(ВИДЕО) Полицијата уапси 26-годишник кој превезуваше 10 килограми кокаин со висока чистота

Горан Наумовски

Спречен обид за нелегално тргување со пиротехнички средства – запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети, кривична пријава за едно лице

Предраг Петровиќ

Мобилен царински тим спречи нелегална продажба на над 40.000 петарди и огномети

Шверц на културно наследство: Кумановец е уапсен на Табановце