МНР: Засега нема пријавени македонски државјани во загрозените подрачја на Родос

Од:

Во врска со големите пожари кои ја зафатија соседна Грција, според последните информации од дипломатско – конзуларните претставништва на Северна Македонија во Грција, засега нема пријавен ниту еден граѓанин кој се наоѓа во загрозените подрачја, ниту е побарана асистенција при евакуација информираат од Министерството за надворешни работи.

– Амбасадата на Република Северна Македонија во Атина и Генералниот конзулат во Солун се во постојана комуникација со надлежните институции на Грција. Илјадници туристи во островот Родос се на безбедно место, но засега не може да се потврди државјанството на евакуираните лица. Министерството за надворешни работи упатува апел да се избегнува туристичко или било какво друго патување во загрозените подрачја. Министерството за надворешни работи на Грција од денес во 17.00 часот ќе постави Help Desk на меѓународниот аеродром во Родос за да ја олесни соработката со странските амбасади и навременото заминување на туристите кои ги изгубиле личните документи. За повеќе информации, на располагање се дежурните телефони на Амбасадата во Атина +306944743071 и Генералниот конзулат во Солун + 30 6987200410, се вели во соопштението од МНР.

Би можело да ве интересира

МНР ќе упати порака за претпазливост до македонските државјани во Израел, нема нови барања за евакуација

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Силен земјотрес го погоди Родос: Се почувствувал и на брегот на Турција

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов