МНР во контакт со турските власти за сообраќајката кај Малкара

Од:

 Во врска со сообраќајната несреќа што се случи ноќеска во Турција, а во која учествувал македонски туристички автобус, од МНР за МИА информираат дека за целиот случај најнепосредно е инволвиран Генералниот конзулат на РМ во Истанбул кој е во постојан контакт со надлежните провинциски и локални власти и болници и се прават максимални напори што е можно побрзо да се обезбедат целосни информации во врска со сообраќајната несреќа и здравствената состојба на повредените.

Според досегашните информации, ноќеска околу 12:30 часот по локално турско време се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувал македонски туристичи автобус, кој бил управуван од македонски државјанин, од агенцијата „Богат Транс“.

Како што информираат за МИА од Министерството за надворешни работи, несреќата се случила во близина на местото Малкара, кај локалитетот Јајлажоне, во провинцијата Текирдаг. Во несреќата животот го загубил еден македонски државјанин, додека 17 патници се повредени.

– Според досегашните сознанија кај едно лице било неопходно да се изврши хируршка интервенција во делот на долните екстремитети, кое не е во животна опасност, појаснуваат од МНР.

Сите повредени од несреќата со екипи за брза помош биле пренесени до најблиските државни медицински центри во Малкара, Кешан и Едирне, при што се хоспитализирани околу 17 лица, од кои десетина се пуштени од болница и се очекува, потенцираат од МНР, во текот на денот да бидат пуштени и останатите, кои се со помали повреди.

Би можело да ве интересира

Турција го реорганизира рударството за да ја намали зависноста од увоз, Македонија не го активира ниту потенцијалот на Иловица

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Ердоган: Не сакаме војна со Израел, но ако нè нападнат – ќе возвратиме

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски