МНР: Успешно вратени 102 македонски студенти од Турција со хуманитарен конвој

Од:

Министерството за надворешни работи информира дека 102 студенти од земјава кои студираат на универзитетите во Турција биле успешно вратени во Македонија.

„Упатуваме благодарност до турскиот Директорат за дијаспора којшто во соработка со нашите претставници во Турција помогнаа за координацијата околу превозот на студентите од Истанбул, Анкара, Бурса, Коња, Сакарја, Кајсери, Измит, Едрене, Чанаккале и Текирдаг до турско-бугарската граница. Воедно, за организираниот превоз со четири автобуси во понатамошната репатријација, како што беше и случај со евакуираните наши работници од Нигерија преку Турција, посебна заложба имаше Владата, а во случајот со студентите, и ангажманот на заменикот-министер за труд и социјална политика на нашата Влада“, велат од МНР.

Ова е вкупно 7-ми организирано спроведен хуманитарен конвој, трет од Турција, по започнувањето на процесот на репатријација на македонски државјани кои беа затекнати во странство поради пандемијата на коронавирусот.

Со ова, вкупната бројка на репатрирани македонски граѓани со посредство на Министерството за надворешни работи до денес изнесува 3870.

Министерството за надворешни работи упати благодарност до надлежните власти во Турција и Бугарија за соработката и обезбедување на непречен транзит, како и за целокупната поддршка во овие отежнати околности, како за репатријацијата на македонските студенти од Турција, така и за македонските работници од Нигерија.

Би можело да ве интересира

Османи: Никогаш не сме биле поблиску до Трета светска војна

Орце Костов

МНР формираше кризен штаб: Македонските државјани може да заминат од Израел само преку аеродромот во Тел Авив

Орце Костов

МНР апелира да се избегнуваат патувања во Израел и регионот

Македонската амбасадорка итно повикана во бугарското МНР: „Лажни се изјавите на македонските политичари“

Орце Костов

Студентското собрание го презентираше Студентскиот манифест – неопходно е општествените чинители да се запознаат со итноста од преземање на мерки

МНР го осуди нападот врз цивилите во Газа: Ова е кршење на меѓународното право

Орце Костов