МНР со протестна нота до Грција

Од:

Министерството за надворешни работи денеска и врачи протестна нота на грчката амбасадорка Александра Пападополу во Република Македонија поради лепенките кои пограничните служби ги ставаат на македонските регистерески таблички.

Новите регистарски таблички се во согласност со стандардите на ЕУ и со меѓународно прифатените стандарди, а поведението на Грција не е во согласност со обврските преземени со Времената спогодба.

МНР во нотата пишува дека лепењето налепници на грчките органи е спротивно на Меморандумот за практични мерки од 1995 година, а во кој пишува дека „при влезот на приватни возила во Република Грција грчките органи може на задното или предното ветробранско стакло да залепат налепница не поголема од посебната ознака во употреба за меѓународниот транспорт (овални налепници меѓународно стандардизирани)“.

Меморандумот, посочуваат од МНР, не предвидува мерки во однос на регистарските таблички. Македонското МНР реагира и на употребата на акронимот ПЈРМ на лепенките што ги делат грчките царински органи, кој исто така не е во согласност со Времената спогодба.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска