МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Од:

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека е почнала постапка за јавна набавка за организација на чартер летови за евакуација на македонските државјани кои се наоѓаат во погодените области на Блискиот Исток. За оваа намена предвидени се 60 милиони денари обезбедени од буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

– Имајќи ја предвид итноста и фактот дека безбедносната состојба тековно се менува, постапката ќе се спроведе согласно Законот за јавни набавки, со примена на скратени рокови предвидени за вакви ситуации. За реализација на оваа услуга се предвидени средства во износ до 60 милиони денари, обезбедени во Буџетот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Во зависност од конечниот број на пријавени македонски државјани и бројот на чартер-летови што ќе се реализираат, можно е да биде искористен само дел од предвидениот износ, информира Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Претходно, Министерството информираше дека досега 632 македонски граѓани побарале евакуација. Дел од нив ќе се враќаат во земјава со чартер летови, а дел со владиниот авион.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Напад со дронови на американска база во Ирак, силите на НАТО се повлекуваат

ВИДЕО: Иранските напади ја разоткриваат големата ранливост на земјите од Заливот

Иран се закани: Ќе гори Блискиот Исток

Горан Наумовски

Дрон ја погоди американската амбасада во Багдад

Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток