Целосно завршена евакуацијата на сите пријавени македонски граѓани од Блискиот Исток

Од:

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, заклучно со вчерашниот лет, целосно е завршена евакуацијата на сите македонски државјани од земјите на Блискиот Исток кои до овој момент беа пријавени и изразија подготвеност за евакуација.

Со последниот, петти лет што вчера слета на Меѓународниот аеродром во Скопје, евакуирани се вкупно 147 патници, од кои 119 македонски државјани и 28 странски државјани. Со тоа државата покажа подготвеност навремено да реагира во кризни ситуации, да ја заштити безбедноста на македонските граѓани, но и да покаже солидарност кон граѓани од пријателските земји од регионот и пошироко.

Станува збор за организирани чартер летови, при што сите трошоци за нивната реализација се на товар на државата.

Со реализацијата на овие летови, вкупниот број евакуирани македонски државјани достигна 605.

Министерството уште еднаш нагласува дека безбедноста на граѓаните е највисок приоритет, што се потврдува и со фактот дека евакуацијата на сите македонски државјани кои изразија интерес за враќање во земјата е целосно завршена.

Воедно, информираме дека дежурниот СОС телефонски број, како и контактите на дипломатско-конзуларните претставништва, и понатаму остануваат на располагање на македонските граѓани.

Би можело да ве интересира

Кинески план за мир на Блискиот Исток

Катерина Ѓуровски

Пилотите се плашат дека ќе бидат отпуштени ако одбијат да летаат над Блискиот Исток

Сирени се огласија во неколку земји од Блискиот Исток и покрај прекинот на огнот

Ројтерс: Војната со Иран ја зајакнува позицијата на Техеран на Блискиот Исток

ВИДЕО: Илјадници жртви досега во војната на Блискиот Исток

ВИДЕО: Израел жестоко удира на Иран и Либан, Иранците одговраат со напади на заливските земји