МНР: Ниту еден наш државјанин не е повреден, ниту се наоѓа под директна закана за својот живот

Од:

Од македонското Министерство за надворешни работи велат дека ниту еден наш државјанин не е повреден, ниту се наоѓа под директна закана за својот живот.

„Поради бројните појавени прашања за состојбите во и околу Украина, со посебен фокус кон состојбата на нашите државјани, дозволете да информираме дека Министерството за надворешни работи одблиску ја следи состојбата и ги вложува сите напори за да им излезе во пресрет на нашите државјани кои имаат побарано асистенција за нивна евакуација.

Дозволете да информираме дека Министерството за надворешни работи навремено информираше за влошувањето на безбедносната состојба со постојани апели за напуштање на Украина додека тоа беше сѐ уште изводливо, нешто што над 20 наши државјани го искористија.

Воедно, информираме дека во моментот продолжуваат напорите за извлекување на нашите државјани од Украина. Во директен контакт сме практично со сите пријателски земји и сојузници, и во моментов тоа е врвен приоритет на Министерството.

Во Украина состојбите стануваат сѐ посложени, но информациите во моментот говорат дека ниту еден наш државјанин не е повреден, ниту се наоѓа под директна закана за својот живот.

Информациите се менуваат од час во час, и истите во овој момент ниту од безбедносен, ниту од практична причина не можеме да ги споделуваме. Очекуваме поцелосна информација со завршување на денот, и истите потоа ќе бидат објавени“, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

„Црниот план“ на Путин и пропагандната војна: Фронтот ќе „експлодира“ во април

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Песков: Киев продолжува со залуден отпор наместо да отвори пат кон мировен процес

Каде исчезнаа парите за Украина: Трамп помладиот ја започнува истрагата на векот

Горан Наумовски

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Орбан: Неправедно е Унгарците да ги трпат последиците од војната во Украина