МНР испрати нота до словенечко и хрватско МНР за нови конвои

Од:

Во врска со застојот на македонските автопревозници на италијанско-словенечката граница, информираме дека вчера се обезбеди конвој за одреден број македонски превозници, кои беа придружувани од словенечката полиција и транзитираа преку словенечка територија на пат кон крајната дестинација – Република Северна Македонија, информираат од МНР.

Во соопштението се вели дека МНР со сите свои ресурси и напори, преку дипломатско-конзуларните претставништва во Љубљана и Загреб, се обидува да обезбеди што поскоро транзитирање преку словенечка и хрватска територија и безбедно враќање дома на сите превозници.

„Испративме и нота до словенечкото и хрватското МНР, со барање за што поскоро вклучување на македонските превозници (лесни возила, комбиња, автобуси и камиони) во следните планирани конвои од словенечка и хрватска страна. Во тој контекст, министерот Никола Димитров од утринските часови е во постојана комуникација со Министерството за надворешни работи на Словенија, кризниот штаб и амбасадорот Јазбец. Од МНР на Словенија и Словенечкиот кризен штаб известуваат дека најмалку 3000 превозници чекаат на граничните премини на италијанско-словенечката граница и уверуваат дека постојано организираат конвои, внимавајќи на правично учество на превозниците од сите држави во регионот“, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Семејство од Центар Жупа кое живеело во Италија настрада во несреќата во Словенија

Катерина Ѓуровски

Двајца малолетници меѓу Македонците загинати во Словенија

Катерина Ѓуровски

Загинаа тројца македонски државјани во сообраќајка во Словенија

А1он

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он

Јанша комплетно ја менува политиката на Словенија: Израел добива резидентен амбасадор во Љубљана