МНР го осуди вандализирањето на бугарското знаме пред конзулатот во Битола

Од:

Од мкедонското Министерство за надворешни работи најостро го осудуваат оштетувањето на јарболот и отстранувањето на знамето на Република Бугарија на Трговско-економското претставништво при Генералниот конзулат на Република Бугарија во Битола.

„Овој вандалски и неодговорен акт на некој поединец, чиј идентитет ќе биде предмет на разгледување од страна на надлежните органи, во никој случај не треба да се поистоветува со населението на овој традиционално конзулски и космополитски град.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија нагласува дека ваквите изолирани и неконтролирани однесувања не придонесуваат во напорите за продлабочување на пријателството, добрососедството и соработката меѓу двете држави, како и заедничките напори за напредок во нашите заложби за понатамошна интеграција во Европската Унија“, велат од МНР.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател

ВИДЕО: Потона бродот кој беше нападнат со три дрона во Црното Море

Катерина Ѓуровски

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Јотова со мала разлика пред Ѓуров во вториот круг на претседателските избори во Бугарија

Бугарија избира претседател

Катерина Ѓуровски