МНР ги повикува сите македонски граѓани веднаш да го напуштат Либан

Од:

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, истата да ја напуштат во првата можна прилика.

Имајќи ја предвид непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до граѓаните да ги одложат патувањата кои не се неопходни кон Израел.

Дополнително, македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел, да ги следат упатствата на националните безбедносни власти и во зависност од потребата и динамиката на безбедносната ситуација, да го напуштат Израел.

Подетални информации околу актуелните состојби во Израел можат да се најдат на следната веб страна (се отвора само преку серверите на територијата на Израел): https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx​

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија 075/ 273- 732 и 075/ 268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел и регионот и навремено да ги информира нашите државјани за евентуални насоки за постапување.

Би можело да ве интересира

Иран прогласи „воена и политичка победа“ над Израел и САД

(ВИДЕО) Бен-Гвир: „Секоја вечер во Газа треба да се убиваат од 30 до 40 луѓе“

Американската војска предизвика бура: На карта, Газа и Западниот брег му ги додаде на Израел

Катерина Ѓуровски

Израел: САД не дозволуваат напади врз иранската енергетска инфраструктура

Нетанјаху: Нема да се повлечеме од Газа додека Хамас не се разоружа

Нетанјаху одобри реконструкција на дел од Појасот Газа кој не е под контрола на Хамас