МНР: Евакуирани се двајца македонски државјани, во добра состојба се и се во камп во Маракеш

Од:

Министерството за надворешни работи изразува сочувство за жртвите од катастрофалниот земјотрес што го зафати Мароко со епицентар во провинцијата Ал Хауз, југозападно од Маракеш, во Мароко.

Информираме дека нашето Дипломатско конзуларно претставништва во Каиро, е во комуникација со надлежните институции во Мароко, за евентуални наши државјани во погодените региони и потреба за евакуација.

Во нашето Дипломатско конзуларно претставништво во Каиро досега се пријавени само двајца наши државјани, кои се евакуирани и моментално се во камп во Маракеш, во добра состојба и утре вечер патуваат за Мадрид.

Ги повикуваме сите државјани на Северна Македонија кои во моментот се наоѓаат во Мароко и имаат потреба од конзуларна асистенција, да се јават на дежурниот телефон на Амбасадата во Каиро +20 103 361 5542 и СОС телефонот на Министерството за надворешни работи 075/ 273- 732, соопштуваат од МНР.

Би можело да ве интересира

Османи уште се мисли за Лавров: Ако речеме „да“, не гледам зошто Бугарија и Грција да не дозволат прелет

Александар Тодески

Се зголемува бројот на македонски државјани кои пријавуваат дека се во и околу загрозените подрачја во Израел, велат од МНР

А1он

Отворени линии за донации за настраданите во Мароко, Црвен Крст апелира за помош

Мароко: Бројот на загинати во земјотресот се искачи на 2.901, 5.530 повредени

Сточар од Мароко: Морав да изберам дали ќе го спасам син ми или родителите

Загина татко кој го штитеше својот син за време на земјотресот во Мароко